Нашата мисија

Преку дигитализација го редефинираме традиционалното работење на здравствените установи

Системот што ви треба, а не знаете дека го барате

На глобално ниво излишно е да се зборува за дигитална трансформација. Истата таа дигитална трансформација започна во нашето здравство со неколку системи и платформи кои што автоматизираат голем дел од работата и комуникацијата помеѓу различните типови на здравствени установи.

Нашиот тим увиде дека малите и навидум незначајни секојдневни обврски во една ординација сè уште не се дигитализирани и автоматизирани, а токму тие работи се оние што ги успоруваат и оневозможуваат лекарите да се фокусираат на нивната основна дејност - да се посветат на пациентите и да пружат најдобра здравствена грижа и нега. 

Додека пандемијата во светот ги стави видео прегледите во фокусот на сите приватни и државни здравствени установи, нашите ординации сè уште на лист хартија планираат смени, телефонски или преку пораки комуницираат со пациентите за деликатни теми, и притоа тешко се води евиденција за ваквите прегледи, што ги заглавува лекарите и медицинските лица во документирање на податоци или административни работи. 

Мисијата на Каило е да го поедностави и редефинира работењето и секојдневните обврски во една здравствена установа, а со тоа да ги оспособи лекарите и медицинските лица да се фокусираат на пациентите. 

Нашата цел е да обезбедиме систем што го заслужуваат лекарите и пациентите. Систем што е убав и лесен за употреба, за сите! Многу од системите наменети за здравствената индустија се тешки, комплицирани и создаваат одбивност кај корисниците бидејќи треба да се “борат” со системот. Ние создадовме систем што е интуитивен, и самиот го води корисникот на следниот чекор, без претходно проучување на истиот. 

Заснован е на улоги - пациент, здравствена установа, медицинско лице - со цел да се оптимизираат различни делови од системот според улогата на корисникот. 

Граден е преку директна комуникација со лекари, медицински лица, здравствени работници и администратори со цел да се пронајдат вистинските проблеми и да се развие соодветно решение за истите. 

Каило е едноставна, но моќна алатка за управување со здравствените установи и сите оперативните и административни работи која ќе ви помогне да ги постигнете вашите бизнис цели и да понудите подобра здравствена грижа и нега на оние на кои им е потребна. 

KAILOlogo1.png

Вашиот тим и ординација заслужуваат ваква алатка

Сакате да видите како работи Каило?

Закажете демо презентација